Сите ги воодушевила на филмската премиера: Скарлет Јохансон го покажала деколтето во храбра модна комбинација!

Ви се допаѓа?

ФОТО: Profimedia

Оваа креација ја потпишува славниот Том Форд

Славната американска актерка Скарлет Јохансон (34) можеби едно време не беше многу присутна на црвените теписи и во медиумите, но се чини дека сега тоа ќе се промени.

Можеме да кажеме дека шармантната и сексапилна русокоса е повеќе од подготвена за тоа, особено судејќи по храбрата комбинација во која се појавила на премиерата на својот нов филм во Лондон.

ФОТО: Profimedia

Актерката ги оставила присутните без зборови, особено со деколтето што ретко која актерка би имала храброст да го покаже. Таа потврдила дека е занесна, прекрасна и храбра, а така и светот честопати ја етикетира оваа позната актерка.

Во Лондон, каде што се одржала премиерата, актерката со само еден потег се погрижила сите погледи да бидат залепени само на неа, иако на црвениот тепих пристигнала во сако и панталони. Но тоа не биле обично сако и панталони.

ФОТО: Profimedia

Станува збор за храбар дизајн што го потпишува славниот Том Форд, а иако во последно време се навикнавме да гледаме жени во одела, не сме имале многу прилики да видиме олку впечатлива креација.

Славната актерка го покажала во полн сјај, со асиметрични ракави, кои дополнително го истакнувале необично откриеното деколте во може најхраброто издание какво што јавноста досега немала можност да види.

Ви се допаѓа оваа комбинација?

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време