Сиена Милер во панталоните што ѝ стојат на секоја жена: Совршен крој, материјал и детали!

Модна икона

Панталоните на Сиена Милер се токму тоа што го баравме оваа сезона!

Кога ќе започнат неподносливите горештини, широките кроеви се вистински спас, особено кога се во комбинација со мек, природен материјал и светли бои кои привлекуваат завидни погледи, но не и сонце.

Широките макси-панталони веќе неколку години се голем летен хит, а сите обожаваат да ги носат – од модни инфлуенсерки до холивудски актерки.

Британската актерка Сиена Милер својот пар омилени летни панталони го прошетала во Њујорк.

https://www.instagram.com/p/CDUq1Lph7-K/

Долгите и широки беж панталони со висок струк, ѕвездата од филмот „Алфи“ ги искомбинирала со ребреста бела поткошула, шарени патики и вреќеста црна чанта во која собира сѐ што ѝ треба на една мајка во движење.

https://www.instagram.com/p/CDSzRVxHCo2/

Устата и носот ги покрила со жолта марама со цветен дезен. Шик, зар не?

Како ви се допаѓа овој едноставен стајлинг на убавата актерка?

Кога тие зборуваат, ние слушаме: Неколку стилски лекции од најинтересните жени на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.