Шпанската кралица Летиција не се откажува од овој фустан на Каролина Херера (ФОТО)

Станува збор за елегантен модел до колена со гола основа и дезен со розови цветови.

За време на прославата на националниот празник во Шпанија, Денот на Свети Џејмс, вообичаено е членовите на кралското семејство да ја посетат катедралата Сантијаго де Компостела, која се наоѓа во истоимениот град.

Овој пат, кралот Фелипе и неговата сопруга Летиција дојдоа во друштво на своите ќерки, принцезата Леонор и Софија.

За свечената пригода, 48-годишната Летиција избра еден од своите омилени фустани, кој го поседува од 2017 година.

Станува збор за елегантен модел до колена со гола основа и дезен со розови цветови.

Ова класично парче, погодно за сезоната пролет и лето, Летиција го искомбинира со високи потпетици со ист тон како и цветните мотиви на фустанот. И чевлите ги потпишува познатата шпанска дизајнерка Каролина Херера.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOOKS REINA LETIZIA (@letiziareina__)

Фото: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.