Шерон, кралице! Актерката прошета во најдоброто стилско решение за свечени пригоди за дамите на возраст од 50 и 60+: ЕЛЕГАНТНО, а сепак модерно и привлечно

Секогаш на висина на задачата

Шерон никогаш не нè изневерува на црвениот тепих кога се во прашање одличните модни изданија, па и овојпат избра одлична комбинација. Во согласност со нејзиниот темперамент, но и со годините и пригодата сè е целосно на свое место!

Во средата навечер во Лос Анџелес се одржа гала-настанот Raising Our Voices, на кој една од гостите беше и Шерон Стоун.

Популарната 65-годишна актерка пристигна на настанот во црвен, брилијантно скроен костум, кој се состои од подолго сако и широки панталони.

Холивудската дива изгледаше многу елегантна и дотерана, а посебно внимание привлече ефектниот детаљ на рамото – нејзиното сако беше украсено со огромен, тродимензионален цвет од тул, кој ја направи целата комбинација пошармантна и посвечена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juan Pablo Rico (@juanricophotopress)

Шерон Стоун стајлингот го комплетира со бордо салонки, кошула во валкано-розова боја и чанта во истата нијанса, а за глам-ефектот придонесоа деталите во форма на златен накит и златна марама од штрас.

Што мислите за ова издание на убавата Шерон?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.