Шармантни и практични „crossbody“ чанти кои ќе ги носиме 0-24 ч

Сестрано парче кое мора да се најде во гардероберот на секоја дама секако дека е чанта со долг ремен или ланец која е идеална за деновите кога сме во гужва, кога брзаме  и не сакаме некоја нефункционална чанта да не успорува и постојано да ни досадува во текот на извршувањето на нашите обврски.

Оваа сезона меѓу полиците на high street продавниците ќе го забележите враќањето на геометриските облици и едноставните модели кои ќе ве освојат благодарејќи на играта со боите и материјалите. Најчесто доаѓаат со мала рачка, што дополнително придонесува за нивната сестраност.

Не е тајна дека модните додатоци играат голема улога во креирањето на инстеесниот стилски ансамбл, па така овој период  ги бираме токму чантите со ремен како чик додаток во нашите комбинации.

https://www.instagram.com/p/B_jtBGZD4Ip/?utm_source=ig_embed

Овој модел е идеален за трансформација на секој изглед, удобни за носење, а може да ве следат во деловните обврски, лежерните попладневни пригоди и на крајот на денот со вашите изданија за ноќни излегувања и дружби.

https://www.instagram.com/p/CAXWvKoHoKK/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B_InbFiApeo/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.