Шарлиз Терон во модерно издание: Ова е доказ дека обичните фармерки и чизми до колена се доволни за совршен стајлинг!

Како ви се допаѓа?

По семејниот одмор што го поминала во Мексико со своите две ќерки и мајка ѝ, Шарлиз Терон се вратила дома во Лос Анџелес и почнала со подготовките за Божиќ

Актерката на Беверли Хилс го завршила божиќниот шопинг, а како и секогаш, славната убавица привлекла внимание со своето модно издание.

За одењето во шопинг, Шарлиз Терон облекла кафеав капут со трендовски предимензиониран крој, со ремен околу половината, под кој носела едноставна црна маица и сини фармерки со благо избледен ефект.

Со ваквите обични фармерки, одлично ѝ стоеле високите црни чизми до колена. Чизмите имале високи потпетици со умерена дебелина и биле благо набрани, а не постои сомнеж дека ваквиот модел на чизми и обичните фармерки се доволни за одличен впечаток.

За дополнителен шик ефект, Шарлиз додала класичен шешир федора во беж нијанса, а до израз дошол и лакот на ноктите, во вистинска есенска, темна нијанса.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата актерка?

Шарлиз Терон ги воодушевила модните критичари: Во овој крој на фустан секоја жена изгледа послабо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.