Шарените панталони од „старата школа“ повторно се во центарот на вниманието, а еве како да ги носите! (ФOTO)

Ве инспирираме

По неколкумесечниот фокус на „зум-топовите“, кои станаа вирална тема на разговор, време е за шарените, „гласни“ панталони. Овие парчиња се вратија на модната сцена на голема врата.

Сега целиот фокус е на впечатливите панталони во стилот на 1990 -тите.

Во светот на славните личности, Бела Хадид беше првата што ги прошета овие панталони од „старата школа“, а потоа и други sвезди посакаа да се вратат во минатото, меѓу кои и Ирина Шајк.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Outfit90s (@outfit.90s)

Откако доживеаја вистински „бум“ кога станува збор за уличниот стил, дизајнерите исто така одлучија да вклучат шарени панталони во своите нови колекции. Покрај животински принтови, има и цветни дезени, но и дезени инспирирани од 1970-тите години.

Подолу ви ги претставуваме нашите омилени.

Шарени панталони – како да ги носите?

Спортска елеганција

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenni ☀️👗 (@jennioooo)

Патиките на големо веќе не се резервирани само за трчање, а со шарените панталони изгледаат фантастично.

Повикот на дивината

Овој принт е екстремно популарен и мошне забележлив. Со него, најдобро е да ги комбинирате основните бои и да не претерувате со модните додатоци.

Неонско

Дречливите бои се апсолутен императив оваа сезона, како на облеката, така и кога станува збор за шминката.

Животински принт

Овој дезен никогаш нема да излезе од мода.

Елегантно

Овие панталони можат да бидат мошне елегантни доколку добро се искомбинираат. Бидејќи се удобни, идеални се за голем број свечености!

Текст: Н. Човиновска

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.