Северина покажа што значи да се патува со стил (ФОТО)
Сини кадифени чизми со златни потпетици
Северина Којиќ ги воодушеви следбениците на Инстаграм со модната комбинација и ефектните дезени кои го најавуваат доаѓањето на пролетта и излегувањето од монотоните бои.
Северина облече фармерки од светол тексас, кои ги искомбинира со бела маица. Со навидум обичната спортска комбинација, пејачката обу ефектни чизми до глуждови од сино кадифе, а златните потпетици ја надополнија комплетната комбинација. Бојата на чантата ја вклопи со бојата на модерниот капут, а шарената марама и очилата придонесоа да изгледа интересно и нејзиниот стајлинг да заработи повеќе илјади лајкови.