Сара Џесика Паркер прошета во фустан на кој би ѝ завидувала дури и Кери Бредшо (ФОТО)

Едноставно, но сепак отмено

Американската актерка и, според многумина, икона на стилот Сара Џесика Паркер (54) беше фотографирана за време на попладневната прошетка низ Њујорк, а многумина веднаш ги потсети на ликот Кери Бредшо од култната серија „Сексот и градот“, кој ѝ донесе голема слава.

 

Пуштена коса што се вее на ветерот, долг и лелеав фустан со пуф-ракави, очила за сонце и книга во раката – ќе се согласите дека сето тоа многу потсетува на колумнистката Кери, нели?

 

Актерката заработи пофални зборови за сметка на фустанот, но и за чевлите, кои се дел од нејзината најнова колекција. Едноставно, но сепак отмено облечена, Сара по прошетката се упати на ручек со Мишел Обама., пренесуваат странските медиуми.

 

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.