Розово одело за сериозен деловен состанок: Меланија Трамп повторно доминира

Моден погодок!

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Фокусот повторно е на децата и младината

Првата дама на Америка Меланија Трамп одржала состанок во Белата куќа во рамките на нејзината кампања Be Best, по повод новите програми наменети на децата и младината.

„Мојот фокус е и секогаш ќе биде на нашите деца, на идните генерации“, рекла убавата Словенка.

ФОТО: EPA / Shawn Thew

Заедно со уште 6 секретари, Меланија ја начнала темата за злоупотребување преку Интернет, што го смета за еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат младите.

Првата дама се облекла согласно со приликата. Строгото деловно одело го ублажила со нежна пудресто розова боја, а под сакото ѕиркала сосема едноставна бела блуза.

Како што сме навикнати кога е во прашање Меланија Трамп, имала едноставна фризура и дискретен накит.

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време