Ролката е незаменлив есенски класик: Овие модели се апсолутен хит!

Бидете во тренд

Црната ролка привремено се симнува од врвот на листата на најпожелни есенски парчиња

Кога ќе се спомнат ролките, најголемиот број жени првенствено помислуваат на нејзината црна верзија, која стана моден класик, но оваа сезона бројни брендови одлучија да одат чекор подалеку кога станува збор за ова модно парче.

Класичната памучна ролка отсекогаш се сметала за паметна инвестиција, а модните експерти ја издвојуваат како задолжително парче во плакарот на секоја жена. Нејзината црна варијанта со години важи за најпожелна, но оваа сезона е идеално време за поместување на модните граници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bianca (@la_bugia_bianca)

Тоа го сугерираат некои од најголемите дизајнерски брендови на денешницата, чии актуелни колекции ги красат впечатливи модели на ролки.

Нивниот посебен изглед е истакнат со дезени, различни украси или креативни комбинации на бои, а месеците што ни претстојат ќе бидат многу барани. Барем така навестија уличните стајлинзи на ѕвездите на модните недели во светските метрополи.

Хеланките од 1980-тите се вратија во мода
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.