РЕЦИКЛАЖА: Кејт Мидлтон на доделувањето на БАФТА фустан стар 8 години (ФОТО)

И принцот Вилијам облече смокинг кој го носеше неколку пати во јавност

Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија на доделувањето на 73-те филсмки и телевизиски награди БАФТА, кои се одржаа вчеравечер во „Ројал Алберт Хол“ во британската престолнина.

Кејт блесна во долг бел фустан, со златни детали, креација која ја потпишува модната куќа „Александар Меквин“.

Станува збор за фустан што војвотката веќе го носеше во јавност, и тоа во 2012 година, на кралската турнеја во Југоисточна Азија, конкретно на вечерата со кралот и кралицата на Малезија.

И принцот Вилијам се појави во смокингот што го има носено неколку пати досега, а со овој благородниците покажаа дека на црвениот тепих не треба да облечеш нешто ново за да изгледаш модерно и прекрасно.

 

Ќе се согласите дека стајлингот на убавата Кејт на доделувањето на престижните награди од страна на Британската академија е дефинитивно погламурозен од оној што го избра за турнејата во Малезија пред осум години.

Фото: Антони Харви, Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.