Раскошен стајлинг што го оправдал признанието: Џеј Ло официјално е модна икона!

Беспрекорен моден стил

ФОТО: Profimedia

Холивудската актерка и пејачка има најдобар стил на облекување

Џенифер Лопез (49) го добила признанието за беспрекорен моден стил од страна на модните дизајнери, а титулата и’ била врачена на доделувањето на наградите CFDA.

Џеј Ло се појавила рака под рака со свршеникот Алекс Родригез, а нејзиното раскошно издание ги воодушевило присутните.

ФОТО: Profimedia

Имено, актерката и пејачката блеснала во портокалов светкав комплет составен од кроп-топ ролка со долги ракави и раскошно здолниште со долг шлеп, со потпис на „Ралф Лорен“.

Светкавиот топ бил составен од 43.200 кристалчиња и ги откривал нејзините совршено извајани стомачни мускули за кои заслужни се напорните тренинзи.

ФОТО: Profimedia

Уште во април било најавено дека овогодишната награда ќе и’ припадне на латино-дивата, а сега таа целосно ја оправдала титулата со овој стајлинг.

„Се чувствувам како нејзин најголем обожавател“, се пошегувал Родригез кој е повеќе од горд на својата избраничка.

ФОТО: Profimedia
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време