Првото појавување во 2019 година: Кејт Мидлтон покажала дека може да изгледа шик и на температури под нулата!

Модерна и по најголемите студови

Војвотката од Кембриџ носела светлосин капут што го искомбинирала со лента за коса во истата нијанса

Последен пат минатата година Кејт Мидлтон се појавила на божиќна миса во Сандрингам. Тогаш ја воодушевила јавноста со класичниот капут, но сепак тој бил во втор план со оглед на тоа што сите зборуваа за нејзиниот однос со Меган Маркл.

За своето прво појавување во јавноста оваа година Кејт одбрала речиси идентична комбинација само во сина боја. Војвотката од Кембриџ носела светлосин капут на Кетрин Вокер што го комбинирала со лента за коса во истата нијанса.

https://www.instagram.com/p/BsTDhOwlhvH/?utm_source=ig_embed

Оваа посета на црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам, заедно со принцот Вилијам, била ненадејна, со оглед на тоа што не било најавено појавувањето на војвотката.

https://www.instagram.com/p/BsTC9T2FwKc/?utm_source=ig_embed

Ова не е првпат Кејт да го облече овој капут што привлекол многу внимание. Имено, веќе имавме прилика да ја видиме во ова издание за време на службената посета на Норвешка додека била бремена со принцот Луис.

https://www.instagram.com/p/BsSrloyl43g/?utm_source=ig_embed

Исто така, повеќепати имавме можност да ја видиме Кејт Мидлтон со лента за коса на глава, што значи дека таа се враќа во мода, па ќе ја гледаме почесто во текот на оваа година.

https://www.instagram.com/p/BsS0XPUgxAH/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.