Прошетавме по улиците на Милано и се изненадивме од стилот на Италијанките: Изгледаат како милион долари!

Еве како се облекуваат Италијанките

Ви споделуваме дел од италијанската модна магија

Постојано слушаме за беспрекорниот стил на луѓето во Милано и нивната моќ и обичната бела маица да ја стилизираат на ефектен и модерен начин. Но немаме многу често можност да прошетаме низ улиците на престолнината на европската мода и лично да се увериме во тоа. За среќа, социјалните мрежи се најдобриот медиум кој за миг може да ни пренесе сè што се случува на кое било место во светот.

Во Милано, главниот град на модата, улицата е како модна писта. Без оглед на периодот од денот или ноќта, стилот и софистицираноста се очигледни на секој чекор. На улиците може да се видат дами кои се беспрекорно облечени во класични изданија, со совршен крој и минималистички детали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @milano_streetstyle

Нивните комбинации се состојат од класично скроени палта, висококвалитетни кожени чанти и елегантни обувки. Секој детаљ изгледа промислено и стилски, од очилата за сонце до рачните часовници.

Од друга страна, можеме да видиме и госпоѓи во интензивни бои и со микс на повеќе дезени. Овие комбинации изгледаат смело и забавно, но и софистицирано. Дамите во Милано храбро комбинираат цветни дезени со геометриски форми, на нив тоа не изгледа кич, туку остава печат на висока мода. Нивната способност да усогласат навидум неспојливи парчиња, така што ќе изгледаат складно и модерно, навистина е фасцинантна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @milano_streetstyle


Интересно е што и мажите се многу модно освестени. Постарите господа носат исклучиво костими од глава до петици, дури и кога седат во кафуле и пијат капучино со кроасан. Нивните костими се совршено скроени, честопати во темни тонови и со детали, како џебни марамчиња или вратоврски во интензивни бои. Нивниот стил зрачи со класа и елеганција, покажува почит кон модата и традицијата, но и љубов кон деталите.

Модната сцена во Милано не подразбира само улична мода, туку се однесува и на кафулињата и рестораните. Кафетериите се полни со луѓе кои изгледаат како штотуку да слегле од модна писта. Жените се во високи потпетици, со совршен маникир и беспрекорни фризури, пијат еспресо во совршено уредени амбиенти. Мажите се во модерни, но класични костими, дискретно разговараат на своите паметни телефони или ги читаат најновите вести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @milano_streetstyle

Милано навистина е единственото место каде што модата не е само дел од животот, туку е и начин на изразување и култура сама по себе. Улиците во овој град се жив доказ дека стилот и елеганцијата не познаваат граници и дека со малку креативност и чувство за естетика, може да се постигне изглед што ќе го одзема здивот.

6 модни трикови на Италијанките
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе