Правила за добар стајлинг за жените во 50-те години: Модни заповеди што секој мора да ги знае!

Модни правила

Обрнете внимание! Овие стилски лекции се бесценети!

Жените во секој период од животот би требало да внимаваат на својот изглед. Непишано правило е дека кога ќе настапат зрелите години, модата мора да стане монотона, а единствените дозволени нијанси се потемните.

Јасно е дека не треба да облекувате прекратки здолништа и тесни, деколтирани маици, но исто така, не морате целосно да ја занемарите модата. Според овие правила се водат и најголемите ѕвезди во Холивуд и благодарение на нив, во секоја пригода изгледаат феноменално.

Добро го познаваат своето тело

Основно правило на добриот стил е гардеробата да се одбира во согласност со градбата на телото.

„Не постои полоша глетка од жена во тесна гардероба која се труди да изгледа како тинејџерка“, едногласни се модните експерти.

Одбирајте парчиња што ги сокриваат недостатоците и го нагласуваат најубавото од вашето тело.

Квалитет, а не квантитет

За време на распродажби, не подлегнувајте на импулсивно купување и нагон да купите еден модел маица во сите бои, само затоа што е намален за 50 отсто. Купувајте наменски и организирано.

Пенсил здолништа

Здолништата под колена секому добро му стојат, создаваат фигура на песочен часовник и не можете да погрешите со нив. Може да се носат во посвечени пригоди, но и во полежерни варијанти со рамни обувки. Тоа добро го знае и Викторија Бекам, која често можеме да ја видиме токму во овој модел.

Добро скроено одело

Освен што моментално се голем тренд, жените во одело изгледаат моќно, а воедно и елегантно. Секоја жена која знае што е добар стил има барем едно такво во својот плакар.

Добро парче накит ќе му даде посебна нота на стајлингот

Доколку не сте доволно смели за да си поиграте со боите на гардеробата, охрабрете се за впечатливи парчиња накит. Со добар моден додаток, секој стајлинг може да изгледа скапо.

Не претеруваат со шминката

Кога ќе наполните 50, шминката би требало да стане посуптилна. Минимализмот понекогаш дава многу подобри резултати.

Не се плашат да излезат од удобната зона

Понекогаш добро е да се излезе од удобната зона и да одберете стајлинг што не е типичен за вас. Вистински пример за тоа е Шерон Стоун, која светкавиот комбинезон го направила соодветен за своите години со тоа што додала кардиган и модни додатоци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.