Плетените ролки се моден императив оваа сезона: Погледнете како ги комбинира Викторија Бекам

Успешната модна дизајнерка Викторија Бекам изгради модна империја која во голем дел ја базираше на нејзиниот личен моден инстинкт и вкус низ годините, нејзиниот стил созреа до точна препознатливост. Овој период од годината, плетените ролки се нејзиниот „must have”.

Маестрално ги комбинира во комбинации што секоја жена би посакала да ги има на себе.

Ни се допаѓа што умешно ги вклопува во неконвенционални изданија, па ги носи под кошула или пак со плетен елек и џемпер, ролка-фустаните исто така не се исклучени од нејзиниот потесен избор, а присутни се како во нејзините деловни така и во полежерните, урбани комбинации.

Инспирирани од Бекам, еве како може да носиме ролки оваа зима.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.