Парче што секоја жена мора да го има: Стајлинг за чиста петка!

Моден трик

По кратката доминација на максимализмот, повторно завладеа минимализмот

Трендсетерките повторно се во потрага по едноставни, базични парчиња кои многу лесно се прилагодуваат на секој стајлинг. Сигурно веќе имате едно такво во вашиот плакар, а последниве месеци ова парче ги преплави профилите на водечките инфлуенсерки и модни блогерки.

Доказ дека времето поминато во изолација го промени погледот кон модата е сѐ поголемата популарност на овој тренд што никој не го очекуваше. Обичните маици без ракави, што личат на машки поткошули, ги полудеа модните зависнички кои во деновите на корона-криза се свртеле кон минималистичкиот стил на облекување.

Пробајте сами да направите комбинации со помош на ова базично модно парче и самите ќе се уверите во неговата моќ за трансформација. Обичната бела поткошула е совршен додаток на секој плакар, со оглед на тоа што може да се комбинира на сто начина.

https://www.instagram.com/p/B_KDhr2B6xb/?utm_source=ig_embed

Облечете предимензионирано сако врз поткошулата и комбинирајте го со омилените фармерки или панталони со висок струк и ќе добиете стајлинг кој, зависно од модните детали, лесно се прилагодува на сите пригоди. Исто така, одлично ќе изгледа и во комбинација со припиено здолниште и сандали на пета. Ова се само некои од начините како да го носите ова модно парче, кое сигурно веќе го имате во плакарот.

https://www.instagram.com/p/B2UIZ2wnMGL/?utm_source=ig_embed

Трендсетерките обожаваат да ги носат поткошулите на гола кожа, без ништо одозгора, што му дава неверојатна доза сексапил на стајлингот. Доколку се чувствувате доволно храбро да излезете од дома без градник – слободно! Сигурно нема да бидете единствени.

https://www.instagram.com/p/CADZYH0H3tD/?utm_source=ig_embed

Ако сѐ уште немате во својот плакар обична бела поткошула, ви предлагаме да инвестирате во неколку парчиња од стопроцентен памук кој е пријатен за кожата и во потоплите денови. Исто така, многу популарни се поткошулите од ребрест материјал, кои во себе содржат еластин и совршено ја следат линијата на телото.

https://www.instagram.com/p/CAL-84pnkcv/?utm_source=ig_embed

Секако, не мора да се одлучите за модел во бела боја. Поентата е само да се држите до неутрални бои, како што се црна или боја на кожа, за да постигнете многу ненаметлив, минималистички стајлинг.

Најлошите трендови од 2000-те се враќаат во мода: Зошто?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.