Парче што ѝ ласка на сечија градба: Плисираните здолништа се апсолутен хит и вака се носат ова лето!
Моден водич
Во гардероберот на секоја жена со стил мора да се најде овој модел
Плисираните здолништа станаа актуелни пред неколку сезони, но нивната популарност не стивнува. Токму овој модел ќе биде еден од водечките ова лето.
Ова здолниште може да се носи на безброј начини и во многу пригоди, па тоа е една од причините зошто им е омилено на многу дами.
Одлично ќе се вклопи во полежерен стил, но феноменално ќе изгледа и во комбинација со високи потпетици и некоја поелегантна блуза. Освен тоа, дополнителен плус е тоа што ѝ ласка на речиси секоја фигура. Таа го крие вишокот на стомакот и колковите, без проблем.
Совет на модните експерти е доколку имате пониска градба, да го носите овој модел секогаш во комбинација со потпетици или сандали на платформа за фигурата да изгледа поскладно.
Ние пронајдовме неколку интересни идеи за стилизирање. Погледнете и сигурно ќе најдете инспирација за следниот стајлинг…