Овој стајлинг никогаш нема да излезе од мода: Кралицата Летиција објаснила како треба да изгледа добро стилизираната жена!

Уште еден одличен стајлинг

Некои модни комбинации секогаш ќе бидат во тренд. Токму таква е и оваа во која прошетала кралицата Летиција. Белата кошула, тесното здолниште и салонките се парчиња што секогаш одлично изгледаат и со кои никогаш не можете да погрешите.

Освен што е во тренд, пенсил-здолништето прилега на сечија фигура, а поради длабокиот струк ги сокрива и сите вишок килограми во пределот на стомакот. Доколку сè уште немате едно вакво здолниште во вашиот гардеробер, време е да го набавите. Дефинитивно се исплати да се инвестира во ваков крој на здолниште, бидејќи сигурно ќе го носите многу години и во најразлични пригоди.

Кралицата Летиција ни даде одличен предлог за деловен стајлинг, но ова здолниште може да се приспособи и за полежерни пригоди.

Обујте патики и облечете тесна бела маица и кожена јакна и ќе добиете совршен кежуал стајлинг.

Дали имате вакво здолниште во плакарот?

Ни кралицата Летиција не му одолеала на водечкиот тренд сезонава: Овој крој на здолниште визуелно симнува најмалку 5 килограми!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.