Овој модел на здолниште ќе биде најголем хит во 2022: Провокативно, секси, но и елегантно!

Топ-парчиња

Транспарентноста, заводливите прорези и фетишистичката естетика на модните парчиња повторно се актуелни на модната сцена, за што доволно сведочат претстојните колекции со потпис на реномирани дизајнерски брендови

Како и во текот на изминатите месеци, модниот свет и во новата календарска година не се откажува од стилот на облекување инспириран од трендовите од почетокот на милениумот.

Доволен доказ за тоа се претстојните дизајнерски колекции со кои се најавува враќањето на одредени парчиња, како што се фармерките со низок струк, но и здолништата.

Бројни дизајнерски брендови им посветија големо внимание токму на здолништата во колекциите за сезоната пролет/лето, а според нив, месеците што ни следуваат, ќе бидат и тоа како шаренолики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALTUZARRA (@altuzarra)

Свесни за популарноста на трендовите што доминираа на модната сцена во 1990-тите и на почетокот на милениумот, брендовите како италијанската куќа „Версаче“ во своите идни колекции нудат низа здолништа инспирирани од наведениот период. Провокативните прорези и кројот што ги открива колковите, се присутни како во случај на фустаните и фармерките, така и во случај на здолништата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALTUZARRA (@altuzarra)

Асиметричните верзии на здолништата станаа новиот стандард на модната сцена. Во својата идна колекција, брендот „Алтузара“ претстави тај-дај здолништа со боемска естетика, а трендот на прорезите се проширил и на фустаните.

7 модели на обувки што ќе доминираат во 2022-та (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.