Откријте ги најновите трендови за едноделни костими за капење за летово
Ова лето изборот е најразновиден досега, па секој може да го пронајде моделот што му одговара и да го носи со самодоверба.
Влијанието на естетиката од 1990-тите повторно е силно, па минималистичките модели се враќаат во фокусот.
Од друга страна, едноставните, софистицирани едноделни костими за капење, без премногу детали, се сигурен избор за оние што претпочитаат безвременска елеганција.
Посебно се издвојуваат моделите со контрастни рабови – дискретниот детаљ како белата линија може комплетно да му го промени изгледот на класичниот крој.
Ако сте му верни на црниот костим за капење, но сакате освежување, клучот е во деталите. Суптилните прорези од страните, асиметричните кроеви или ситните метални украси, како златни елементи или мотиви на школки можат да му дадат нова димензија на ова вечно парче.
За оние кои сакаат да експериментираат, плажата е идеалното места за игра со боите. Оваа сезона доминираат интензивни нијанси како розова, портокалова, кобалт сина – совршени за да го истакнете потемнетиот тен.
Тука се и моделите од сјајни материјали или со светкавци, кои ја рефлектираат сончевата светлина и привлекуваат внимание.
Контрастни детали

Моделите со нагласени рабови во друга боја даваат доза на елеганција и визуелно ја обликуваат силуетата. Едноставни се, но ефектни.
Халтер-изрез

Кроевите кои се врзуваат околу вратот ги истакнуваат рамениците и грбот, а притоа се практични и женствени. Често имаат приспособливи ленти кои дополнително ја обликуваат фигурата.
Точки

Овој ретро-дезен се врати на сцената и сега често се гледа и на костимите за капење, давајќи им разигран и по малку носталгичен изглед.
Цветни мотиви

Големите, шарени цветни дезени инспирирани од естетиката од 1980-тите повторно се во мода. Некогаш се сметаа за застарени, но денес изгледаат свежо и впечатливо.
Модерни кроеви со ефектни детали

Класичните силуети им го отстапуваат местото на интересните прорези – асиметрија, „cut-out“ детали кои дискретно ја откриваат кожата, модели на едно рамо или со украси како накит. Опции има многу, а секоја дава посебен карактер.