Овие три бои се тотален аут во 2022 година: Повеќе никој не ги носи!

Нови трендови

Наместо нив, ќе ги носиме овие прекрасни нијанси

При изборот на нијансите на облеката, најчесто се потпираме на омилените бои, трендови или тоновите што најмногу ни одговараат, но сите се согласуваат дека одвреме-навреме добро е да се експериментира и да се излезе од удобната зона.

Доколку оваа година сте одлучиле да бидете похрабри во однос на боите, добро е да знаете и кои нијанси ќе доминираат на градските улици.

Ако, сепак, не сте доволно храбри за подвиг во светот на боите, можете да ги освежите стајлинзите со секогаш добредојдените детали, како шалови, ракавици, капи, чанти, обувки…

Ви носиме моден водич за тоа кои бои се аут во 2022 година, а кои ќе ги заменат…

Виолетова наместо темносина


Pantone веќе го најави тоа: бојата на 2022 година е Very Peri, прекрасна светлосина боја, проткаена со нежна, виолетова нијанса. Па така, не е ни чудно што оваа боја е исто така апсолутно присутна во претстојната модна сезона и ја заменува темносината.

Сите нијанси на розова наместо трева-зелена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lulstouch (@lulstouch)


Ако 2021 година беше во знакот на зелената, оваа година сè ќе биде во розова – од нежна пудра розова до богата фуксија. Розовата истовремено е шик, елегантна и кул. И не грижете се: и понатаму ќе ја гледаме зелената.

Нежно жолта наместо неон жолта


Нежниот, путерест тон изгледа особено лежерно во комбинација со сина и бела – на пример, со фармерки и маица – така станува совршена модна комбинација за потоплите денови.

Ако сакате да изгледате моќно, облечете се вака: Топ 10 зимски стајлинзи за жените во 50-тите години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.