Овие трендови ќе доминираат на модната сцена во текот на есента: За секого по нешто!

За сечиј вкус!

Овие трендови ќе ја обележат есенската сезона

Есента што опасно се приближува ќе биде во духот на најразлични трендови. Актуелни ќе бидат многу различни кроеви и дезени, па секој ќе може да најде нешто што му одговара. Дизајнерите биле креативни и подготвиле интересни парчиња со кои врнежливото и ветровито време ќе се чини многу поубаво…

Еве кои трендови ќе доминираат есенската сезона:

Кратки блејзери

https://www.instagram.com/p/B4P66iOieoo/?utm_source=ig_embed

По кратките маици и блузи, на ред дојдоа и кратките блејзери. Овие модели изгледаат шармантно и може да се носат во многу различни варијанти. Добро изгледаат во комбинација со фустани, панталони, но и фармерки.

Фустани со предимензионирани ракави

https://www.instagram.com/p/CCJiah2IMKE/?utm_source=ig_embed

Кратките фустани со изразен горен дел ќе бидат апсолутен хит. Овој модел на фустан во комбинација со чизми често ќе може да се види во текот на есента.

Проѕирни блузи

https://www.instagram.com/p/CD67EhnjRF0/?utm_source=ig_embed

Овој модел на блуза во комбинација со интересна кратка маичка одоздола дефинитивно ќе ве однесе во центарот на вниманието. Провокативен модел кој не ја преминува границата на добриот вкус.

Кошула-фустан

https://www.instagram.com/p/CD372t-hq11/?utm_source=ig_embed

Овој модел повторно е многу актуелен, а секоја модерна жена ќе мора да го има во својот плакар во текот на есента.

Цветен дезен

https://www.instagram.com/p/B-SExrbDjIV/?utm_source=ig_embed

Својата популарност нема да ја изгуби ни во текот на есенските денови. Цветниот дезен често ќе го гледаме. Иако не е типичен за наесен, интензивните бои ќе бидат актуелни.

Впечатливи модни додатоци

https://www.instagram.com/p/CCjD8yDqdEV/?utm_source=ig_embed

Накитот и модните додатоци оваа есен ќе бидат во фокус. Правилото гласи: што поголемо тоа подобро.

Металик фустани

https://www.instagram.com/p/BwPyt8zB051/?utm_source=ig_embed

За излегување најдобра опција ќе биде металик или фустан со светкавци. Овој тренд веќе им стана омилен на многу дами.

Масивни џемпери

https://www.instagram.com/p/B8_zupxFOF1/?utm_source=ig_embed

Широките џемпери се задолжителни во текот на есента. Пожелно е да се најде ова парче во вашиот плакар. Тоа е облека во која вреди да се инвестира, бидејќи може да се носи на повеќе начини. Добро оди со фармерки, но и со здолништа.

Капути и мантили

https://www.instagram.com/p/CBSxTPdDYol/?utm_source=ig_embed

Класици што никогаш нема да го напуштат модниот трон дефинитивно се мантилите. Еден во неутрална боја е најдобриот избор за претстојната сезона.

Крзно

https://www.instagram.com/p/CD4ohLLHCR7/?utm_source=ig_embed

Бундите ни оваа година не ја напуштаат модната сцена.

Пронајдовте ли нешто интересно за себе помеѓу овие трендови?

Трендсетерките полудеа по овој фустан: Ретро-модел во кој секоја жена изгледа вито!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.