Овие комбинации на бои се полн погодок: Благодарение на нив секој стајлинг изгледа безобразно скапо!

Модни предлози

И најскапото парче може да изгледа многу лошо

При правењето стајлинзи, изборот на бои е многу важен. Доколку ги комбинирате на вистинскиот начин, секоја модна комбинација ќе изгледа безобразно скапо. Понекогаш може да биде навистина тешко да се најдат комплементарни нијанси што убаво се вклопуваат, па затоа послушајте ги советите на врвните модни експерти.

Еве кои бои најдобро се согласуваат според нив…

Розова и црвена

Иако до неодамна се сметаше дека овие две бои никако не би требало да се најдат во ист стајлинг, тоа правило се промени. Оваа комбинација навистина изгледа многу впечатливо и моќно. Дефинитивно е вистински избор за оние дами што сакаат да привлечат внимание.

Интензивно жолта и посветла сина

Контрастот на топли и студени нијанси секогаш дава феноменален ефект. Овие две бои оставаат впечаток на успешна и моќна жена и се добар избор за многу пригоди.

Црвена и крем

Класична комбинација на бои што никогаш нема да излезе од мода. Овие две нијанси се идеални за правење деловен стајлинг. Не се премногу нападни, а оставаат впечаток на многу способна жена која добро знае што сака и како да го постигне тоа.

Беж и бела

Овие нежни нијанси кога ќе се спојат во еден стајлинг изгледаат неверојатно добро. Овде не се потребни зборови, погледнете ја фотографијата и уверете се сами.

Повредни се од кој било капут, а и во тренд се! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.