Ова ќе биде бојата на сезоната пролет/лето 2020: На секоја жена одлично и’ стои!

Во тренд

Бидете подготвени да блеснете во сезоната што ни претстои

Иако моменталната ситуација е многу неизвесна, се надеваме дека сето ова ќе помине што побрзо за да можеме да прошетаме во трендовски парчиња.

Модните експерти ни носат убави вести! Во тренд ќе бидат тонови што и’ стојат одлично на секоја жена. Без разлика дали сте русокоса, бринета или црнка, можете да ја носите оваа боја.

Станува збор за тонови во крем боја, а тука спаѓаат сите земјени нијанси, валкано розова, цигла портокалова, но предвид доаѓа и белата боја. Со нив дефинитивно нема грешка.

https://www.instagram.com/p/B-UGGI4HU7R/?utm_source=ig_embed

Наредната сезона се’ ќе биде во знакот на минимализмот и на што поумерените парчиња. Од бојата, до формата, умереноста е во тренд.

Ќе се носат лелеави фустани, ѕвонарки, комбинезони, а во тренд ќе бидат и сандалите римјанки и сламените шешири. Со еден збор – елегантниот стил.

https://www.instagram.com/p/B-SlaknpbDH/?utm_source=ig_embed

Монохроматскиот стил и понатаму е голем хит. Често ќе гледаме комбинации како оваа:

https://www.instagram.com/p/B9kGzFEI-4b/?utm_source=ig_embed

Еднобоен стил: Тренд за пролет 2020 година (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.