Од благородничка елеганција во француски шик: Покрај Меланија Трамп ни парижанките немаат шанси!

Црно против бело

ФОТО: AP / Ian Langsdon

Чиј стил ви се допаѓа повеќе?

Откако три дена уживавме во феноменалните модни комбинации што првата дама на Америка ги носела на британскиот двор и низ Лондон, Меланија Трамп со сопругот Доналд отпатувала во Франција.

Таму се сретнале со францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.

ФОТО: AP / Ian Langsdon

За посетата на европската престолнина на модата, убавата Словенка одбрала многу едноставна, но сепак шик модна комбинација – црно од глава до пети.

ФОТО: AP / Ian Langsdon

Црниот мантил со А крој, што совршено и’ стои, црните очила за сонце и лакираните салонки со висока потпетица и златна шнола биле сосема доволни за американската прва дама да заблеска и да ја победи парижанката позната по својот совршен стил, како што е Брижит Макрон.

ФОТО: AP / Ian Langsdon / Pool

Брижит овој пат се одлучила за бел фустан со класичен крој врз кој носела бел мантил со ефектни копчиња, а со него понела кафеави салонки со висока потпетица.

Чиј стил ви се допаѓа повеќе?

ФОТО: EPA / Thibault Vandermersch
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.