Облечете се за деловниот состанок според примерот на Емина Јаховиќ (ФОТО)
Безвременско парче облека
Науката многупати докажа дека првиот впечаток е најважен, особено во деловниот свет. Колку и да ви е импресивно CV-то, богато работното искуство и образованито, важно е и како ќе се претставите себеси за време на интервјуто за вработување.
Бидејќи природата на човекот е прво да му посвети внимание на визуелното, потрудете се да се претставите во најдобро светло. Изберете елегантна деловна комбинација во која ќе изгледате професионално. А поп-пејачката Емина Јаховиќ на својот инстаграм-профил покажа идеален стајлинг, кој може да ви послужи како инспирација.
Имено, пејачката добро знае дека класиката е секогаш во мода, па за еден деловен состанок избра безвременско парче – едноставен црн костум.
Од предната страна, сакото е збогатено со софистициран моден детаљ од кадифе, а пантелоните се протегаат точно до ножните зглобовина пејачката – што придонесува нозете да изгледаат подолги.
Фото: Инстаграм