Нов имиџ: Каде исчезна долгата коса на Наоми Кембел?

Апсолутно непрепознатлива!

Фото: Getty Images

Наоми е позната по долгата црна коса од која долго време не се одвојуваше, па затоа овој изглед е сосема неочекуван

Наоми Кембел се појавила на ревијата на модната куќа Луј Витон на Неделата на машка мода и целосно ги изненадила присутните со промената на имиџот.

Славниот супермодел е познат по долгата црна коса од која долго време не се одвојуваше, така што овој изглед е сосема неочекуван.

https://www.instagram.com/p/Bsv5tusA7n2/?utm_source=ig_embed

Кадравата фризура потсетува на нејзината природна коса и можеби тоа е знак дека манекенката наскоро ќе се одлучи за поприродна фризура и ќе ја остави периката во минатото.

Низ кафеавата коса повлекла неколку меденоруси прамени. Кадриците одлично и’ стојат и прекрасно се вклопиле во комбнацијата на шампањ-боја со беж ролка и бели кожени чизми.

https://www.instagram.com/p/Bs0poL2FeJo/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.