Нина Бадриќ во секси издание: Мини-фустан во кој сите жени изгледаат фантастично

Нина Бадриќ во гламурозно модно издание!

Модниот избор на Нина Бадриќ ќе им се допадне на сите модерни жени

Малиот црн фустан е најдобар пријател на секоја жена, бидејќи одлично се прилагодува на женското тело, а може да се носи во разни пригоди. На неговиот шарм не можеше да одолее ниту хрватската пејачка Нина Бадриќ.

Нина Бадриќ со задоволство споделува фотографии од нејзиниот приватен живот на Инстаграм. Токму на таа социјална мрежа, Нина сподели фотографија од нејзиното последно модно издание со кое го привлекла вниманието во предворјето на хотелот Square Nine во Белград.

Хрватската пејачка самоуверено позираше во малиот црн фустан со една прерамка од брендот LeiLou by Alex Dojcinovic кој ја истакна нејзината женствена фигура. Станува збор за задолжително парче облека што секоја жена треба да го има во својот плакар. Ваквиот тип фустан визуелно го намалува телото и може да се носи во различни пригоди.

Нина ја одбрала гламурозната верзија со светки која ја комбинирала со хулахопки со подебел крој и елегантна плико-чанта. Доколку ве очекува некој гламурозен настан, ова е нашиот моден избор!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време