Никол Кидман во прекрасен балски фустан кој би го облекла дури и принцеза (ФОТО)

Гламур на стариот Холивуд

Во своето најново филмско остварување, Никол Кидман ја толкува една од најлегендарните телевизиски ѕвезди Лусил Бол. Затоа и не е чудно што со стајлингот на црвениот тепих, по повод премиерата на филмот „Being the Ricardos“ го донесе гламурот на стариот Холивуд.

Педесет и четиригодишната актерка изгледаше апсолутно волшебно во креацијата на Armani Privé. Горниот дел, во форма на корсет, беше украсен со детали – сребрени циркони, додека гламурозното здолниште беше изработено од слоеви тул. Со оваа софистицирана креација, актерката искомбинира сребрени сандали украсени со светкави камења и детаљ во форма на панделка на прстите.

Никол се одлучи за сребрен накит, кој беше сè само не минималистички. Дијамантни, висечки обетки и ѓердан ѝ ги красеа лицето и вратот, додека на зглобовите на двете раце носеше сребрен часовник и белегзија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)

Фото: Instagram @nicolekidman

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.