Никој не носи крзно подобро од неа: Џенифер Лопез ги освојува њујоршките улици (ФОТО)

Без разлика дали сака да носи крзно или не, едно е сигурно – Џеј Ло многу добро го носи ова динамично модно парче!

Џенифер Лопез подготвено го дочека студеникавиот њујоршки ден во удобен и впечатлив есенски стајлинг.

Крзнената бундичка, украсена со детали како што се животински принт на јаката и на џебовите, и златен синџир од џебот до едно од копчињата, ја искомбинира со црни хеланки Jimmy Choo и чизмички Timberland, украсени со сваровски-кристали, кои го заокружија нејзиниот моќен изглед.

Предимензионираните очила за сонце се неизбежен дел од нејзините модни додатоци, како и алка-обетките, кои овој пат беа во сребрена боја.

gr txt jlo (3).jpg
Џенифер Лопез на улица во Њујорк

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.