Никогаш не била поубава: Младешката модна комбинација на Кејт Мидлтон го воодушевила светот!

Празник за очи!

Војводата и војвотката од Кембриџ организирале божиќно дружење со семејствата на војниците кои нема да го поминат Божиќ дома

Овој пат сите погледи биле вперени во елегантната сопруга на принцот Вилијам, која за оваа прилика се облекла младешки и стилски.

Иако понекогаш модните критичари ѝ замеруваат за модните комбинации што се премногу конзервативни за нејзини години, убавата Кејт Мидлтон за ова празнично дружење одлучила да го носи најбараниот дезен за оваа сезона: каро шари во класична црвена варијанта.

Војвотката од Кембриџ носела карирано здолниште од славната дизајнерка Емилија Викстед, кое одлично ѝ стоело.

Дополнително го нагласила младешкиот изглед со тесен црн топ на закопчување и со високи чизми од плиш, кои ја нагласиле нејзината вита фигура. Одличните шминка и фризура со благи кадрици ја заокружиле оваа модна приказна на омилената војвотка од кралското семејство.

Родителите на три деца одлично се забавувале на ова божиќно дружење, а посебно ги развеселил вештачкиот снег.

Инаку, за да им стават крај на гласините за лошите односи со јатрвата, Кејт Мидлтон и принц Вилијам се одлучила за несекојдневен потег: ќе го поминат Божоќ во Сандрингам, токму со Меган Маркл и принц Хари.

Иако ова не им било во план, очигледно почувствувале голем притисок, па затоа донеле ваква одлука.

Во Сандрингам, освен што ќе се дружат во домот што кралицата им го подарила на Хари и Меган по венчавката, двајцата браќа со своите сопруги ќе присуствуваат и на традиционалната прослава со целото семејство во кралската палата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време