Ни кралицата Летиција не му одолеала на водечкиот тренд сезонава: Овој крој на здолниште визуелно симнува најмалку 5 килограми!

Парче за сите генерации

Уште еднаш покажала како треба да изгледа добро стилизираната жена

Веќе сме навикнати на нејзините маестрални стајлинзи, но овој особено ни се допадна.

Кралицата Летиција (48) ги следи трендовите, но и многу добро знае што ѝ ласка на нејзината фигура, па затоа никогаш не греши кога станува збор за облеката.

https://www.instagram.com/p/CGpvXV9HrJC/

Плисираното здолниште во кое прошетала и оваа сезона е на самиот врв на модната листа, а таа ја искомбинирала феноменално. Кај овој крој е одлично тоа што визуелно прави да изгледате послаби и одлично ги маскира вишокот килограми на стомакот и на бутовите.

https://www.instagram.com/p/CGrhjH7Bufc/

Доколку имате поситна градба, се препорачува ваквото здолниште секогаш да го носите со високи потпетици. Доколку сте повисоки, слободно можете да одберете и рамни обувки.

Со оглед на тоа што се појавила службено, Летиција со преостанатите парчиња направила целиот стајлинг да добие елегантна и деловна нота, но ова здолниште многу лесно може да се прилогади и за неформални пригоди.

https://www.instagram.com/p/CGp_Q3FnNsR/

Можете да го облечете со класична маица, кожна јакна и да обуете патики или чизми и ќе бидете совршено стилизирани за излегување во град.

Дали го имате овој модел на здолниште во вашиот плакар?

Длабоки чизми и џемпер-фустан за комбинација без мана: 5 одлични предлози за стилизирање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.