Непрепознатлива: Ирина Шајк каква не сте ја виделе, со изгледот на модната недела во Милано ги шокираше сите!

Светска мода

Ирина Шајк покажа дека може да носи се’!

Ирина Шајк беше една од ВИП-гостите на ревијата на Џорџо Армани за пролет 2023 година во Милано.

Нејзиниот едноставен изглед во првиот ред се издвои од преостанатите. Убавата Ирина се одлучи за класичен црн костум со вратоврска, па изледаше исклучително строго и деловно.

Сепак, костумите се една од посилните страни на Армани, па го направи вистинскиот избор. Иако преостанатите дами одбираа фустани и високи потпетици, Ирина носеше лакувани ниски чевли.

Моделот е инспириран од машката облека, но Шајк успеа да го износи на свој начин. На улиците се’ почесто можеме да сретнеме дами во костуми оваа есен, бидејќи апсолутно ја освоија модната сцена ширум светот.

Инаку, Ирина Шајк од неодамна ги наведе сите да помислат дека се смирила со актерот Бредли Купер. Манекенката сподели фотографија од Бахамите, а на една од нив се наоѓа и во друштво на Бредли од кого се раздели во 2019 година. Нивната врска траеше пет години, а од официјалната разделба се видени неколку пати, генерално како двајцата се шетаат со нивната ќерка Леа.

Фото: Профимедија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.