Неочекуван избор: Меланија Трамп одлучила да ја прекине новогодишната модна традиција!

Првото селфи на Меланија!

На новогодишната ноќ Меланија не само што ја прекинала традицијата на носење розови креации туку и го објавила своето прво селфи на социјалните мрежи

Откако одлучила да го откаже планираниот божиќен излет за да остане во Белата куќа со сопругот, Меланија Трамп го напуштила Вашингтон за Нова година и го прославила влезот во 2019 година со блиските пријатели и семејството во флоридската резиденција на Трамп Мар-а-Лаго.

Последните години, првата дама на Америка редовно носела розови креации за новогодишните дочеци, меѓутоа за доаѓањето на 2019 година решила да ја прекине оваа традиција.

View this post on Instagram

New Year 2019! MIA

A post shared by Amanda Ungaro (@amandazungaro) on

Судејќи според мноштвото фотографии објавени на социјалните мрежи, Меланија Трамп за дочекот на Нова година решила да заблеска во црно од глава до пети, притоа подготвено позирала до гостите, меѓу кои биле австралискиот милијардер Анотнио Прат и Паоло Замполи, амбасадор на Обединетите нации.

View this post on Instagram

NYE Mar a Lago. We miss you POTUS

A post shared by Paolo Zampolli Personal (@paolozampolli) on

На новогодишната ноќ, Меланија не само што ја прекинала традицијата на носење розови креации туку и го објавила своето прво селфи по 2017 година кога ја заменила Мишел Обама на функцијата прва дама на САД.

Фотографиите на социјалните мрежи ја покажуваат Меланија во блескав црн фустан со долги ракави и деколте со V-израз. Зачадените очи, кои станаа нејзин заштитен знак, и овој пат не изостанале, а согласно со приликата, Меланија го нагласила својот изглед и со впечатлив црвен кармин.

Еве како Меланија го означила влезот во новата година на Инстаграм! Мора да признаете дека одбрала соодветен филтер за своето селфи!

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време