Ненадминлив есенски стајлинг: Во оваа комбинација секоја жена изгледа како милиони долари!

Одлична идеја

Облечете се вака и сите ќе гледаат во вас

Совршената есенска комбинација изгледа токму вака! Здолниште со длабок струк, џемпер, чизми до колена и капут.

Пејачката Ешли Робертс ни даде одличен предлог за стајлинг без мана. Вака облечена, секоја жена изгледа феноменално.

Оваа комбинација е апсолутно тренди, а воедно и многу удобна. Освен тоа, ги става облините во преден план. Комплетите во една боја како овој се многу модерни периодот.

Ни светските трендсетерки не му одолеаја на овој стајлинг, па го преплавија Инстаграм со фотографии токму во комбинации слични на оваа.

Што се однесува до бојата, Ешли и тука направила полн погодок. Оваа придушена портокалова е како создадена за есенските денови. За да не изгледа стајлингот премногу гламурозно, пејачката лежерно ја врзала косата.

Вака облечени можете да одите на работа, но и на пијалак или на ручек во ресторан. Едно е сигурно – нема да бидете незабележани!

Деловна комбинација во нежни тонови: Одличен стајлинг за во канцеларија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.