Нема конкуренција: Шарлиз Терон објаснила како се носи најпопуларната боја сезонава!

Портокаловата е новата црна

Кога таа ќе се појави, сите остануваат без зборови

Добитничката на Оскар, Шарлиз Терон, изгледала апсолутно шик во блејзер со модерен крој во портокалова боја. Оваа боја, покрај зелената и розовата, е вистински есенски погодок.

Холивудската убавица била фотографирана на Менхетн пред вечерн о излегување. Популарната црна модна комбинација ја освежила со блејзер кој лежерно го префрлила врз рамената, што му дало на шик нота на овој стајлинг.

https://www.instagram.com/p/B24kf9vgjV_/

Блејзерите се многу популарни оваа есен, со нив секоја модна комбинација изгледа поинтересно, особено ако се работи за такво во интензивна боја, како оној што го одбрала Шарлиз.

https://www.instagram.com/p/B237kk3HjPD/

Црните панталони, црната маица и салонките во иста боја совршено се вклопиле со портокаловиот блејзер. Шарлиз изгледа решила да се поигра со модните трендови и да излезе од помирните комбинации во кои сме навикнати да ја гледаме.

https://www.instagram.com/p/B23Jtd_AnXC/

Откако драстично го променила имиџот со скратување на косата, се чини дека е подготвена и за промена на моден план. Ние не можевме да му најдеме мана на овој стајлинг, а вие?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.