Неконвенционалноста е ИН: Дизајнерот Медаин Аслан ги открива тајните на урбаниот изглед

Модна листа

Погледнете ги креациите на младиот моден дизајнер Медаин Аслан

Модниот дизајнер и стилист Медаин Аслан ни ги претстави фаворитите од своите колекции

„ДА“ ЗА АВАНГАРДА!

Моите креации се моето уметничко платно, а авангардноста мој заштитен знак. Жените што имаат свој став и не се плашат да експериментираат со стилот никогаш не прават модни утки.

Неконвенционалноста е ИН

Најмногу ме инспирираат неконвенционални материјали, а често се случува мојата инспирација да произлезе од моменталните трендови. Ја издвојувам мојата креација со гоблени што ја претворив во фустан. Уличниот стил е во тренд, па, така, јас би го искомбинирал овој необичен фустан со кожена јакна и мартинки.

Инспирација од минатото

Не треба секогаш да се водите според тоа што моментално е во тренд. Неретко инспирација треба да побарате од минатото за да оставите печат, како што јас правам со моите модели.

ЦРНО-БЕЛ СВЕТ

Во обид да го задржам мојот автентичен стил на дизајнирање, самиот го создадов материјалот за овие практични креации, спојувајќи црно-бели квадрати, за да го добијам ефектот што го сакам. Црно-белата комбинација е безвременска и никогаш не излегува од мода.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.