Некогаш беа резервирани исклучиво за на плажа, а сега ја освојуваат модната сцена: Овој модел на чанта ќе ја обележи летната сезона!

Правилата се менуваат

Овој тренд предизвикува поделени мислења

Додека модните експерти се подготвуваат за летната сезона, сè повеќе расте побарувачката за плетени чанти. Овој модел до неодамна беше резервиран исклучиво за на плажа, но оваа сезона се менува ситуацијата.

Трендсетерките полудеа по ова парче, па веќе можевме да видиме еден куп комбинации во кои оваа чанта ја игра главната улога.


И модните дизајнери се еднакво воодушевени од овој модел, па го вратија на модната сцена. Речиси сите летни комбинации на големите брендови во понудата имаат и плетена чанта.

Во тренд ќе бидат поголеми, погломазни модели, во кои може да собере речиси сè што ви е потребно за денот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M A R T A (@beautylookbymarta)

Дали ви се допаѓа овој тренд или и понатаму ќе ги носите овие чанти само за на плажа?

Ако овој месец купувате само 1 парче, тоа нека биде… нова чанта! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.