Не постои жена на која не ѝ стои добро: Гардеробата во оваа боја ќе биде апсолутен хит во 2021 година!

Модните експерти се едногласни

Оваа година ќе биде во знакот на женствените нијанси

Интензивните бои дефинитивно ќе ја обележат оваа година, а ако ги прашате модните експерти која ќе биде на врвот на листата, ќе ви кажат дека тоа е розовата боја. Парчињата во оваа нијанса задолжително набавете ги уште веднаш.

Изминативе месеци многу време поминувавме во лежерна гардероба, во понежни бои, но со првите денови од новата година, правилата се менуваат. Месеците што ни претстојат диктираат разиграни трендови и нијанси.

Розовата боја е одлична бидејќи добро ѝ стои на секоја жена. Без разлика дали сте црни, бринети или русокоси, оваа боја е полн погодок.

Покрај гардеробата, актуелни ќе бидат и модните додатоци во оваа смела нијанса. Доколку не сте доволно храбри да облечете гардероба во розова боја, можете да го зачините стајлингот со накит или модни додатоци за коса во оваа боја.

Облечете се вака и веднаш ќе изгледате 5 килограми послабо: Стилски трикови што секоја жена мора да ги знае!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.