Не му одолеа на овој тренд: Меланија Трамп во хит-капутот за оваа сезона (ФОТО)

Првата дама на САД, Меланија Трамп, на секој прием и официјален собир секогаш го привлекува вниманието со својот моден избор, па и на последните појавувања, сопругата на претседателот Доналд Трамп потврди зошто целиот свет ја нарекува икона на стилот.

Земајќи предвид дека приматот на модните писти го зазеде цветниот принт, Меланија многу добро знае да го демонстрира тоа, па на еден прием пред Белата куќа, се појави во капут на модната куќа Dolce & Gabbana, кој е софистицирано проткаен со прекрасен дезен на цвеќе.

Темната подлога на капутот му дава ефектна нота на овој цветен принт, а совршена завршница на целиот стајлинг му даваат високите црни чизми.

Освен Меланија, уште една љубителка на цветниот принт е шпанската кралица Летиција, која за време на летото често се појавуваше во цветни фустани, кошули и здолништа. А на еден од многубројните приеми на кои присуствуваше, се појави во овој модел:

Иако цветниот принт е синоним за пролетната и за летната гардероба, овие две дамо докажаа дека и во есенската и во зимската колекција, овој популарен тренд може да се носи секаде каде што ќе посакате.

Па така и уредничката на „Воуг“, Ана Винтур, често можеме да ја видиме на црвениот килим во овој популарен дезен, кој поради апсолутната доминантност стана задолжителен и се пресели и на чантите.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.