Не може да се откаже од стариот живот: Меган Маркл во центар на вниманието со најновото модно издание!

Бременоста не ѝ е пречка!

Меган Маркл е на свој терен кога е на црвениот тепих!

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се откажала од многу работи поради бракот со британскиот принц Хари, но едно нешто најмногу ѝ недостигало: црвениот тепих!

Сè помалку се појавува на вакви настани, па кога ќе се укаже прилика, доаѓањето на војвотката не може да го спречи ни нејзината поодмината бременост.

Па така, минатата вечер, Меган во придружба на својот сопруг присуствувала на доделувањето награди на здружението „Endeavour“ кое се одржало во Лондон. Војвотката од Сасекс ја добила честа да биде еден од презентерите.

За оваа прилика, Меган играла на сигурно. Се одлучила за непогрешливата црно-бела модна комбинација, која се состоела од бела кошула и длабоко црно здолниште на преклопување, кое достигнувало сè до подот.

Меган ја подигнала на повисоко ниво оваа едноставна комбинација со елегантна клач чантичка и впечатливи сандали со високи потпетици и бројни ременчиња во златна боја.

Како и во повеќето случаи, Меган носела уредна пунџа и дискретна шминка, како и минијатурни обетки.

Иако оваа комбинација се смета за совршена за секоја прилика, Меган добила и негативни критики дека длабокото здолниште не е парче што изгледа убаво во поодмината бременост. Со малку накит целокупниот впечаток би бил значително подобар.

Што мислите вие? Ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.