Не мора да потрошите три плати на новите модни трендови: Освежете ја зимската гардероба со овие неколку парчиња!

Вака се гради стил

Со првите есенски денови, време е за првите есенски комбинации

Почетната возбуда што ја носат модните новитети во секој плакар брзо ќе помине, бидејќи само по неколку возбудливи комбинации од кои ќе го извлечеме максимумот, остатокот од есента повторно ќе се прашуваме: што да облечам денес?

Неколку истовремено класични и трендовски, сестрани и ефективни комбинации, ќе бидат нашите фаворити оваа есен, особено кога ќе ни се причини дека немаме што да облечеме од плакарот полн со облека. Па како секогаш да креирате совршена есенска комбинација?

View this post on Instagram

One of my favourite silky delights 💫 (gifts)

A post shared by jess. (@_jessicaskye) on

Одлични улични комбинации за првите есенски денови

Совршената комбинација за есенската сезона ќе ја најдете во спојот на класиката и трендовите, лежерните и елегантните парчиња. Ефективниот контраст ќе го извлече најдоброто од сите парчиња и ќе создаде модерен изглед кој ќе изгледа одлично и за време на најмрачните денови.

Ултимативната есенска комбинација и оваа сезона можете да ја најдете во едноставниот спој на фармерки, едноставна маица или ролка и блејзер.

Покрај блејзерот, модерниот костим ќе биде уште еден класичен избор кој еднакво добро ќе функционира и во најлежерните и во најформалните изданија.

Кошулите и блузите и понатаму се популарен избор за секојдневен изглед, но омилената кратка маичка сега ќе ја замени финото плетиво. Во комбинација со трендовски панталони, кожено здолниште или фармерки и со додаток на неколку парчиња златен накит, плетивото ќе изгледа подобро од кога било претходно.

Омилениот фустан и оваа година доаѓа во миди-должина во најраскошни бои и дезени. Сè што ви треба за овој женствен фаворит се високи чизми до колена – зимски класик кој оваа сезона се враќа на големата врата.

Освен со боите и дезените, оваа сезона поиграјте се и со текстурите на различни материјали – кожа и плетиво ќе биде ефективен и кул спој за дневен, но и за вечерен изглед.

Во продолжение, најдете доза инспирација во нашиот избор на одлични улични комбинации.

View this post on Instagram

Wiiiiiindswept 🌦 [with a side of cold 😤]

A post shared by jess. (@_jessicaskye) on

View this post on Instagram

When in Paris 🇫🇷

A post shared by jess. (@_jessicaskye) on

View this post on Instagram

Power dressing for a day at home 💻

A post shared by jess. (@_jessicaskye) on

Меланија Трамп во јакничка што ќе биде хит есенва: Го нагласува струкот и идеална е за прелазниот период!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време