Не го очекувавме ова: Викторија Бекам со целосна промена на стилот!

Ви се допаѓа?

ФОТО: Profimedia

Своите омилени темни дезени ги заменила со овие!

Кога станува збор за пролетна мода, првото нешто што на повеќето луѓе им паѓа на памет е цветниот принт.

Иако Миранда Присли (Мерил Стрип) од филмот „Ѓаволот носи Прада“ саркастично прокоментира дека цветниот принт напролет е „револуционерен“, во случајот на Викторија Бекам навистина е!

Навикнати сме да ја гледаме поранешната пејачка и успешна дизајнерка во неутрални бои, од кои омилена и’ е црната, но со својата последна модна комбинација направила голема отстапка од нејзиниот вообичаен стил.

Викторија објавила галерија од фотографии на Инстаграм, на кои се пофалила како носи цветчиња од глава до пети, поточно цветно одело. Го надополнила пролетниот изглед со силно зелена плико-чанта, а шаренилата го разбила со маица во беж боја.

https://www.instagram.com/p/BvzIQgBgkXe/?utm_source=ig_embed

Иако нејзината комбинација навистина е изненадувачка, со оглед на тоа што се работи за парчиња со потпис на нејзиниот истоимен бренд, ова е најдобриот начин на промоција на нејзината пролетна колекција.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.