Не фрлајте пари на гардероба за прелазниот период: Еве како да ги комбинирате вашите омилени летни парчиња есенва!

Дознајте повеќе

Временската прогноза сè уште не значи дека мора да ги спакувате парчињата во кои го поминавте летото

Потребно е само да ги замислите летните парчиња во поинакви комбинации, да додадете некои други парчиња и да продолжите да уживате во нив уште неколку недели пред да ги спакувате за следната година. Ние ви носиме инспирација…

Бели панталони

Без разлика дали се работи за лесни драпирани модели или за бели фармерки, сигурно не сте го поминале летото без нив. Покрај најочигледната опција да ги комбинирате со џемпер на линии, постојат и други стајлинзи што ќе ги префрлат во наредната сезона, бидејќи никој од нас не сака да се откаже од ова основно парче. Најдобрите комбинации вклучуваат горни делови од тенко плетиво, блејзери во неутрални нијанси (и неутрални дезени) или дуксери, сандали од сите модели и мокасини со дебел ѓон. Очилата за сонце секогаш се добредојдени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie HW (@rosiehw)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tine Andrea Lauvli (@tineandreaa)

Летен фустан

Првиот чекор? Додајте есенски обувки како совршен контраст на лесните свиленкави материјали. Откако ќе одберете чизми или мокасини, време е за вториот чекор: лесен мантил, јакна или подебело плетиво. На овој начин, фустанот ќе стане уште поженствен, текстурите ја преземаат главната улога, а вам ви преостанува уште неколку месеци да уживате во вашето омилено парче. Доколку се двоумите околу бојата, со нијансираните комбинации секогаш ќе изгледате како милион долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Daur (@carodaur)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Daur (@carodaur)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Daur (@carodaur)

Шорцеви

Добро, јасно е дека најтенките памучни модели што ни го освоија срцето тешко можеме да ги облечеме кога истура дожд, но затоа тука се сите други модели. Тексас, сатен, хај-тек ткаенина, па дури и кожа – сите овие материјали владееја летово, но сè уште не се подготвени да ја напуштат модната сцена. Додајте им рамни длабоки чизми, мокасини со бели врвки, џемпери и сите видови лесни јакни, од блејзери па до кожени јакни или палто и подготвени сте за прошетка!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Rossi (@sandrarossi03)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Olsson (@lisa.olssons)

Избегнете ги! Модни грешки што МОРА да ги избегнете!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време