Навидум обична комбинација: Меган Маркл изненадила со изборот на чевли!

Интересен избор

Војвотката од Сасекс ги објавила новите кралски обврски што ѝ ги доделила кралицата оваа недела

Во вторникот, Кенсингтонската палата објавила официјално соопштение во кое стои дека Меган Маркл ќе преземе две должности од кралицата Елизабета Втора: грижата за Националниот театар и Фондацијата на универзитетот Комонвелт, како и дека ќе стане кралска покровителка на организацијата за заштита на животните „The Mayhew“ како и на хуманитарната организација „Smart Works“ која им помага на невработените и загрозени жени да најдат работа.

Токму овие организации Меган ги посетила уште веднаш и воодушевила со изборот на гардероба за таа прилика, особено со изборот на чевли.

Веднаш штом излегла од автомобилот, сите погледи ги украле нејзините црно-бели салонки во стилот на Круела Де Вил кои го оживеале неутралниот остаток од комбинацијата. Станува збор за чевли од брендот Џанвито Рози, кои Меган ги има со години уште пред да се омажи со принцот Хари.

Салонките, кои ги красат впечатлив принт и проѕирни детали, војвотката ги искомбинирала со црн фустан за трудници од брендот Хач и беж капутот од модната куќа Оскар де ла Рента, како со интересните обетки од брендот Кимаи.

Во ова беспрекорно издание, Меган им дала на жените од здружението „Smart Works“ неколку модни совети за облекување за деловен разговор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.