Направи БУМ во фустан од 2.000 денари: Ева Лонгорија ја носеше НАЈЕВТИНАТА КРЕАЦИЈА во историјата на Канскиот филмски фестивал

Се сеќавате?

Актерката не крие дека кога првпат била поканета на Канскиот филмски фестивал, не била свесна колку е важен настанот. Сепак, тоалетата во кој се појави ѝ обезбеди речиси преку ноќ успех и титулата за најсекси жена на планетата.

Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ првпат прошета по Кроазета во 2005 година, а тогаш нејзиниот избор беше фустан од 40 долари или околу 2.500 денари!

Како што неодамна истакна Ева Лонгорија во интервју за People, кога првпат беше поканета на фестивалот како телевизиска ѕвезда во подем, не ѝ беше јасно каде оди. Покрај тоа, Ева призна дека „немала поим што е Кан“.

Убавата актерка со латиноамериканско потекло избра фустан за црвениот тепих, кој го купи во познатата авенија Мелроуз во Лос Анџелес, по многу поволна цена.

Си помислив: „Ќе го носам овој фустан, ова плетено злато, убаво изгледа“, се присети Ева.

„Никој не можеше да знае дека е фустан од 40 долари.“

Едноставната, но прилично секси и елегантна креација привлече големо внимание, дури и повеќе од раскошните тоалети на постарите, попознати и поискусни колешки на Ева на црвениот тепих. Згора на тоа, сите сакаа да знаат кој го дизајнирал нејзиниот фустан, а таа не ја откри тајната. Новинарите, колегите и соработниците ја прашаа чиј фустан носи, а таа на шега одговори:

Како мислите чиј е? Па, мој е!“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.