Најзгодната жена во Холивуд уште еднаш ги воодушевила модните експерти: Оваа комбинација е едноставно совршена!

Без грешка

Пејачката прошетала во најпожелното парче сезонава

Никол Шерцингер (43) важи за една од најзгодните пејачки, но ѝ нема рамен ни кога станува збор за стилот.

Каде и да се појави, сите гледаат само во неа. Овој пат покажала како се носи најпожелното парче оваа есен, без ниту една грешка. Костимите се сè попопуларни, особено оние со малку поширок крој и со нагласени рамена. Па така, виолетовата боја се наоѓа на самиот врв на модната листа.

Никол сите трендови ги споила во еден стајлинг и овој пат заслужила чиста десетка.

Таа била фотографирана пред еден ресторан во западен Холивуд во друштво на партнерот Том Еванс, со кого веќе неколку месеци е во среќна врска.

Дали вие имате еден ваков костим во вашиот гардеробер?

Вака изгледаат шик-чизмите од соништата на Џенифер Лопез (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.