Најмодерните обувки за есен 2022: Жените со добар вкус полудеа по овие модели!

Ви се допаѓаат?

Ви ги откриваме најновите трендови за обувки – ова се најмодерните чевли и чизми за есен 2022 година

Експертите велат дека есента е најважното годишно време за модата. Тогаш пристигнуваат нови, возбудливи трендови, а враќањето во работната атмосфера дава нов мотив за дотерување. Подготвени сме да испробаме и нови модни детали.

Но постои и една замка – времето е променливо, па постојано сме во недоумица, особено кога станува збор за обувките. Дали да се одлучиме за сандали, иако веќе ни здодеаја малку, и да ризикуваме да накиснеме, или да излеземе наутро во гумени чизми, а потоа да се „вариме“ на пладне?

Ние барем ќе ви ја разрешиме дилемата околу трендовите – овие 3 модели есенва ќе ги носат сите модерни жени.

1. Чевли со копче

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOI London (@moishoes.london)


Се чини дека не постои модна куќа која не понуди обувки со копчиња за оваа сезона. „Версаче“ и „Прада“ ги обновија своите веќе познати модели со ремче околу зглобот, а „Диор“, „Миу Миу“ и „Кавали“ нудат чизми во моторџиски стил со овој детаљ.

Нема да погрешите ни ако го купите моделот „Мери Џејн“ со ремче што се закопчува од страните. Овие обувки, именувани по лик од цртан филм и првенствено наменети за деца, оваа есен ќе се најдат на улиците во сите модни метрополи.

2. Ретро патики

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hype DC (@hypedc)


По долгото владеење на „грдите“ патики со гломазен ѓон, се врати ретро модата. Ќе се носат таканаречените „скејтерски“ патики, кои имаат многу потенок ѓон – задолжителни пред сè за оние кои возат скејтборд. Дури и да не сте запознаени со ова превозно средство, ќе уживате во едноставните модели. Лесно се комбинираат и, секако, изгледаат поженствено.

3. Гумени чизми


Освен што се исклучително практични за врнежливите денови, гумените чизми се вистински моден хит. „Баленсијага“ ја промовира својата откачена верзија на кломпи со висока пета, но сите модели и сите бои се во игра. Важен е само материјалот.

Најомразените обувки денес се тренд број 1: Трендсетерките ги обожаваат „дедовските“ чевли, додека мажите не можат да ги гледаат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.